Стивен Дефур со одличен изведен слободен удар го затресе Манчестер Јунајтед

Стивен Дефур со одличен изведен слободен удар го затресе Манчестер Јунајтед во вчерашниот меч кој заврши нерешен, 2-2.

Дефур по мечот се потсети на 2009 година кога Сер Алекс Фергусон го гледал во живо додека играл за Стандард Лиеж. Белгиецот беше голема желба на Фергусон, но откако се повреди, лично легендарниот предводник на црвените ѓаволи му испрати писмо.

Сепак Дефур никогаш не го засили Манчестер Јунајтед, а во кариерата играше уште за Порто и Андерлехт, а во Премиер лигата стигна минатата година откако го облече дресот на Барнли.