Стариот телефон претворете го во систем за безбедност!

Стариот телефон претворете го во систем за безбедност!

Новата апликација изработена од Едвард Сноуден  го претвора стариот и бескорисен телефон во моќна алатка за сајбер безбедност, а она што е најважно е дека алатката овозможува релативно евтино заштита од несакани електронски посетители.

Heaven: Keep Watch е Android апликација која го претвора телефонот во детектор за движење, звук, вибрации и светлина. Со негова помош корисникот може да следи дали во домот има несакани гости, дури и кога не е дома. Апликацијата секако не е наменета за широка употреба, туку многу повеќе за осетливи групи. Новинари кои работат на чувствителни стории, борци за човекови прави, дисиденти и слично.

Heaven е креирана да работи на евтини телефони, но и во овој случај ги користи сите сензори. Апликацијата го користи микрофонот за детектирање на звук; акцелерометарот за движење; камерата за слики и слично. Апликациајта може да испраќа и фотографии и звук од помошниот телефон, на главниот телефон.

Ова ќе овозожи корисникот да го остави телефонот во својот дом или хотелска соба, на пример во близина на компјутерот кој го користи. Потоа без грижа може да излезе, а доколку некој „чепка“ Heaven ќе го извести, па дури и ќе прати слики и аудио.

Ваквиот уред секако нема да спречи некој кој ќе има физички пристап до компјутерот да го хакира, ова е невозможно. Но. ќе помогне корисникот да знае дека уредот повеќе не е безбеден.