Стампедо за лежалки

Недостатокот на лежалки го уништи одморот на едно семејство кое плати 3.325 евра.

Стефани Монкс, Роберт Бејли и нивните две деца престојуваа на одмаралиштето Puerto Azul на шпанскиот остров Гран Канарија.

Парот кажува дека гостите биле „спакувани како сардини“ и дека стоењето во ред за лежалка почнувало од 7 часот наутро бидејки имало три пати повеќе гости од лежалки.

Ниту посетителите на хотелот Санконект не биле многу среќни.

„Базенот се отвараше во 8:45, а гостите чекаа ред од 7 часот наутро.Штом вработените ќе го тргнат катанецот сите се стрчуваат кон лежалките. Бидејќи не успеавме да фатиме место ни првиот нити пак вториот ден, отиднавме до рецепција каде вработените ни рекоа дека не можат да направат ништо по тоа прашање.“ – изјави еден 26 годишен посетител.