Според Wall Street Journal, Samsung ќе заработи голема сума на пари од Apple и новиот iPhone X..

Според Wall Street Journal, Samsung ќе заработи голема сума на пари од Apple и новиот iPhone X..

Сите знаеме дека Samsung го снабдува Apple со OLED екраните за iPhone X, 70 долари од парче, но компанијата произведува уште неколку дополнителни делови за смартфонот и целосниот приход од секој iPhone X е 110 долари за Samsung.

Според новите истражувања, Apple ќе продаде околу 130 милиони iPhone X единици до 2019, што ќе придонесе приход од милијарди долари за Samsung, благодарение на најновиот iPhone модел.

Како за споредба, Samsung се очекува да продаде 50 милиони Galaxy S8 единици за периодот од 20 месеци, што ќе придонесе 4 милијарди помал приход од оној кој ќе го придонесе iPhone X за компанијата.