Според Меси, еден од најдобрите напаѓачи е Гонзало Игуаин!

Според Меси, еден од најдобрите напаѓачи е Гонзало Игуаин!

Ѕвездата на Барселона, Меси, постојно врши притисок врз селекторот на аргентинската репрезентација за да го повика во новната репрезентацијата Гонзало Игуаин.

„Што се однесува до мене, Игуаин е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тој тоа го докажува во Јувентус и секако дека не е истата работа и со Аргентина“, изјави Лионел Меси за Гонзало Игуаин, кој што во изминатиот период не доби повик за настап за Аргентина, затоа што на негово место беше повикан моментално најдобриот напаѓач во Серија А, Мауро Икарди.

„Критиките не му годат и многу често сме разговарале за тоа. Мислам дека овој период без репрезентативен фудбал беше добар за него, со оглед на тоа што можеше да се фокусира на тренинзите и своето подобрување. Тој едноставно мора да биде во составот на нашата репрезентација“, изјави Лионел Меси и практично се стави на местото на селекторот на Аргентина.