SpaceX успешно ја слета ракетата Falcon 9 назад на Земјата!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 13:26

Американската компанија "SpaceX" успешно ја изведе мисијата на лансирање на ракетата Falcon 9 и нејзино сигурно спуштање назад на Земјата со маневрот вертикално слетување.

Откако пред неколку дена беше одложен обидот поради технички проблеми, во неделата успешно беше извршена мисијата која подразбираше достава на товар до астронаутите на Меѓународната вселенска станица.

Ракетата Falcon 9 која е користена како главен погон за капсулата Dragon се врати успешно на површината на Земјата со вертикално слетување.

Товарот наменет за Меѓународната вселенска станица изнесувал 2,5 тони, а вклучувал храна, пијалоци, инструменти... Една од поважните работи кои беше доставена беше и смртоносната бактерија, која научниците ќе треба да ја испитуваат како ќе се однесува во вселената, со што ќе се дојде до сознанија за влијанието на гравитацијата врз опасните микроорганизми.

Интересно е што за овој успех беше искористена историската платофрма LC-39A во Kennedy Space Center на Флорида, од каде во 1969 година полета ракетата Saturn V, носејќи го модулот Eagle, кој ги одведе астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин на Месечината.