Совршениот изглед на Софија Вергара

Совршениот изглед на Софија Вергара

Згодната Колумбијка,покрај големите успеси на професионален план,најде време за да открие неколку тајни.

„Сите знаат дека отсекогаш сум го избегнувала вежбањето затоа што бев задоволна со сопствената фигура. Откако наполнив 40 години, тој став нагло се промени. Почнав да забележувам дека имам опуштени делови на телото и знаев дека е време за промена“, вели таа за магазинот „Шејп“.За добрата линија Софија може да му се заблагодари на пилатесот на реформер. Кога ќе треба да држи диета, актерката признава дека тешко се откажува од омилените слатки, па дури размислувала и за хипноза. Но, проблемот го решила на поедноставен начин – кога ќе изеде повеќе од тоа што смее, следниот ден тренира поинтензивно.