Совршената фигура на Мис Финска[21.02.2012 - 00:07 часот]
|
Таа ја наследи титулата Мис Финска откако првичната победничка се откажа, но судејќи според овие фотографии, повеќе од очигледно е дека Сара Чафак ја заслужи својата награда.
Дваесет и едногодишната манекенка ја покажа нејзината совршена фигура на плажата во Мајами, Флорида, и иако нејзиниот костим за капење беше искомбиниран од два различни модели, бикинито беше последната работа која останатите посетители на плажата би ја забележале.

Иако бринетата се појави во долен дел од бикини во интензивно розова боја, а горниот дел беше бел со разнобоен детал на средината, никој не и замери за различните делови од костимот за капење - напротив, нејзиното момче Томас Варесувио не можеше да ги одвои очите од убавицата.

Имено, Чафак стана новокрунисаната Мис Финска за 2012-та година откако оригиналната победничка Пиа Пакаринен се откажа од нејзините должности.
На локалниот избор Чафак ги наброја нејзините хобиа во кои спаѓаат пеењето, гледањето филмови, фудбалот, патеката за трчање и јадењето на добра храна, а ако тоа не е доволно, таа исто така е интелигентна девојка која студира Интернационален Маркетинг и Економија и вели дека нејзиниот талент е "добрата смисла за хумор".

Чафак ќе се натпреварува за титулата Мис Универзум со останатите претставнички од земјите од светот на натпреварот за убавина кој ќе се одржи подоцна оваа година.

| [назад] |















