Современа коцка скриена во шумата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.10.2016 - 01:42

Доколку секој пат кога ќе помислите на куќичка во шумата си замислувате некоја едноставна колиба, тогаш време е да го промените мислењето.

Куќата "CUBE" на архитектонското студио "Yakusha Design Studio" е направена така што ја користи моќта на оптичката илузија - нејзината форма на коцка прави таа однадвор да изгледа многу помала од што е всушност во внатрешноста.

Тоа оддава впечаток дека куќата е мала во споредба со околината која ја опкружува, а се наоѓа во Киев, Украина.

Куќата е направена за семејство од четворица, а удобноста и флексибилноста се главните елементи при дизајнот на внатрешноста.

На првиот кат се наоѓаат гаражата, кујната, трпезаријата и големата дневна соба, додека невидливите скалила ве водат на вториот кат каде се наоѓаат спалните соби.