Современ дизајн во историска архитектура

Современ дизајн во историска архитектура

Проектот на архитектите од “Asdfg Architekten”, наречен “Miller’s House” е совршен спој на современиот дизајн и историската архитектура преточен во овој апартман во елитна населба во Берлин.

Структурата која е стара 170 години претрпела големи надоградби и подобрувања, а резултатот е уникатен дом во кој е проткаена историјата на градот.

Дизајнерскиот тим работел на реставрацијата на преубавиот камен ентериер во овој дом според нацртите од 1844 година, а задржан е автентичниот ѕид во внатрешноста.

Но, светлите тонови и чистиот современ дизајн совршено ја надополнуваат камената историска структура.

Модерните дрвени скали ве водат дирекно на горниот спрат каде се наоѓа поткровјето, а под нив се наоѓаат елементите во кујната вклопени во ѕидот.