Совети за совршени тестенини од Dave’s Kitchen

Совети за совршени тестенини од Dave’s Kitchen

Пастата е едно од најчесто готвеното најпосакуваното јадење во секоја земја, но не секој е умешен да подготви добра тестенина, па токму затоа Давор од Dave’s Kitchen ги има одличните совети со кои секогаш ќе успеете да подготвите совршени тестенини.

1. Додадете сол во водата

За да бидете сигурни дека пастата ќе биде зготвена ал денте потребно е да ставите сол во водата во која ќе ја готвите. Не е пожелно додавање на масло во водата, туку за да го избегнете залепувањето на тестенините ставете ги да се варат во оној момент кога водата ќе започне силно да врие. Исто така постојано промешувајте за да не дојде до загорување.

2. Користете дрвена лажица

Кога пастата ќе ја варите секогаш гответе ја 2 минути помалку од времето назначено на пакувањето. На тој начин ќе добиете паста ал денте. Користете ја дрвената лажица да ја ставите на средината на тенџерето за да спречите претекување на водата додека тестенините се готват.

3. Брзо измешајте ги тестенините со сосот

Кога пастата ќе биде зготвена брзо исцедете ја од вишокот течност и брзо измешајте ја во сосот. Глутенот кој се ослободува од пастата по готвењето е одлична можност да се инкорпорира во сосот и да се создаде убав густ сос. Доколку тестенините ги измиете со студена вода веднаш по готвењето ќе го спречите нивно лепење додека се во ладилник.