Сораја на ремонт[03.02.2012 - 15:02 часот]
|
Надарената старлета Сораја Вучелиќ (25) во понеделникот посети приватна клиника и го "среди" носот, а фотографите ја снимија на излезот од клиниката. Таа сакаше да и го извадат и силиконот од усните, но за тоа ќе мора да почека.
"Да, правев корекција на носот, но искрено не сум среќна што го дознавте тоа", изјави Сораја за неделникот "Скандал".

Таа барала нејзиниот нов нос да биде за половина помал од нејзиниот природен. Исто така, таа сакала хирургот да и го извади силиконот од усните кога е веќе во клиниката, но докторот не се согласил со нејзиното барање поради медицински причини.
При корекција на носот, доаѓа до отекување на целото лице и се јавуваат модринки, па паралелното вадење на силиконот од усните би било многу ризично за здравјето на пациентот, наведува извор од клиниката.
Сораја планира да се опорави од операцијата на носот, а потоа и да го извади силиконот од усните.
| [назад] |















