Сопственик на ресторан во војна со веганите од целиот свет

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.02.2017 - 17:45

Во денешно време скоро и да не можете да кажете нешто без да бидете обвинети дека напаѓате некоја од ранливите луѓе, но сопственикот на ресторанот "The White Moose Cafe" во Даблин, успеаја да го сврти ова во своја корист.

Имено, сѐ започна уште во август минатата година, кога сопственикот на ресторанот, Пол Стенсон, кој самиот ги води профилите на социјалните мрежи на својот ресторан, реши да ги "замоли" веганите да се најавуваат кога сакаат посебна нарачка, наместо да дојдат и да се чудат како за нив нема 50.000 различни вегански храни на менито.

А, бидејќи знаеме дека веганите се многу чувствителна група на луѓе, тие веднаш му се нафрлија на Стенсон за неговата омраза кон "луѓето кои имаат сепцијална растителна диета".

Одеднаш работите започнаа да излегуваат од контрола, па веганите обединети од целиот свет почнаа да му оставаат негативни оцени на Фејсбук страната на ресторанот, иако поголемиот дел од нив воопшто не ни стапнале таму.

Но, наместо да се уплаши и повлече, сопственикот реши да оди чекор понатаму, па буквално да им објави војна на веганите и да им го "забрани" влезот во неговиот ресторан.

Саркастичните објави на Стенсон го привлекоа вниманието на веганските групи ширум интернетот кога тој објави дека е подготвен "да ги стрела сите вегани кои ќе се обидат да влезат во ресторанот".

Понатаму, тој продолжува со коментари од стилот "Се прашувам дали доколку јадевте нормална храна ќе имавте способност да разликувате шега на сатирична Фејсбук страна од сериозна објава?" и "Дали сето ова е поради фрустрација затоа што сте гладни?"...

Тој отиде дури и дотаму што ја смени кавер сликата на ресторанот во протестна нота против веганите кои во тој момент веќе сериозно оставаа негативни оценки.

Во еден момент работата излезе толку од контрола, што тој на некој начин мораше да им се извини на веганите за тоа што ги повредил нивните чувства... Меѓутоа и тоа го направи на свој начин.

Ова уште толку ги разлути веганите, па тие дури и почнаа да протестираат пред неговиот ресторан во Даблин. За жал, бидејќи не станува збор за редовни гости, тие ги промашиле работните часови на ресторанот, па кога дошле да протестираат тој бил затворен...

Погледнете само некои од смртните закани кои тој ги добивал на профилот на Фејсбук.

Сепак, не-веганите разбраа за оваа војна, па решија да застанат во одбрана на смислата за хумор и овој сопственик на ресторан кој сам се бореше дотогаш против армијата вегани од целиот свет.

Еве дел од позитивните оценки на не-веганите...

Иако веганите продолжија со оставање на негативни оценки, сепак не-веганите сега излегоа во пресрет, па самите им враќаа на лажните оценки кои ги оставаа.

Иронично, оваа борба и гласноста на веганите му донесоа на овој ресторан толку голем публицитет, што лајковите на страната инстантно се зголемија на повеќе од 100.000, а луѓето почнаа да се редат пред ресторанот за да добијат маса.

Стенсон вели дека им се заблагодарува на веганите за одлично завршената работа, затоа што толкавата медиумска покриеност инаку би чинела милиони долари, а тие му ја овозможија без пари.