Sony го претстави Final Fantasy XV Walkman

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 28.11.2016 - 19:29

Играта Final Fantasy XV конечно ќе пристигне на играчките конзоли, а компанијата Sony го претстави во ограничена серија и својот Walkman.

Телефонот Walkman A-Series Final Fantasy XV Edition ќе се појави на јапонскиот пазар, каде ќе чини 300 долари. Станува збор за модел со интерна меморија од 16 GB, кој поддржува Hi-Res Audio, а украсен е со pixel-art Final Fantasy ликовите на задната страна.

Исто така, тој поседува и специјални икони кои прават драстична разлика во споредба со малку подосадниот стандарден софтвер на Walkman.

Sony ќе ги продава и специјалните Final Fantasy hear.on MDR-100 A слушалки по цена од 260 долари, како и звучникот hear.go SRS-HG1 Bluetooth. Сите производи се наменети само за купувачите во Јапонија.