Софија Вергара ги покажа славните облини во тесен фустан

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.05.2016 - 14:44

Таа не се срами да ги покаже своите заоблени атрибути во јавноста.

А, Софија Вергара (43) овој пат ја покажа својата славна фигура во сив тесен фустан, додека беше во шопинг низ продавниците во Беверли Хилс.

Актерката изгледаше сензационално додека шеташе низ улиците, а можеше да се види и дека ја наполнила својата Луи Витон ташна со нови парчиња облека.

Преубавата Софија го искомбинира фустанот со сандали на платформа и беспрекорна шминка и фризура.