Со оваа апликација секој може да биде пронајден!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.12.2016 - 12:22

Рускиот фотограф Егор Цветков стои позади овој одличен, но и крајно морничав проект.

Проектот се вика "Tвоето лице се твоите податоци", а со него Цветков има за цел да покаже колку е лесно комплетно непознати лица да добијат лични информации за вас!

Употребувајќи ја апликацијата FindFace, која се базира на препознавање и идентификување на цртите на лицето, Цветков фотографирал преку 100 луѓе кои се возеле со метро. Апликацијата ја поврзал со најголемата социјална мрежа во Русија - Vkontakte. Замислете - Цветков со помош на ова успеал да идентификува повеќе од 70 проценти од фотографираните личности!

Егор Цветков вели дека ова е иднината која не' чека доколку продолжиме вака безгрижно да ги изложуваме своите животи и својата приватност на социјалните медиуми. Морничаво...