Со исфрлање на една состојка, Клои ослабе 5кг за 2 недели!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 27.12.2016 - 11:05

Клои Кардашијан, која некогаш важеше за "дебелката" сестра во семејството, сега е на пат да стане најзгодната членка меѓу Кардашијаните, откако целосно го трансформираше своето тело.

По болниот развод од кошаркарот Ламар Одом, Клои целосно се посвети на вежбање и на здрава исхрана, а резултатите ги воодушевија нејзините обожаватели.

Малку по малку, грдото пајче се претвори во лебед, но и самата потврдува дека за тоа ѝ требало сериозно посветување и дисциплина, не само во салата за вежбање, туку и во кујната. За таа цел, Клои цела година имаше ангажирано нутриционист кој ѝ помагаше да ги промени нејзините нездрави прехранбени навики.

Чекор по чекор, Клои полека ги исфрлаше нездравите состојки од нејзиното мени, но ѕвездата тврди дека најголема промена доживеала откако потполно ги исфрлила млечните производи од нејзината исхрана!

"Две недели без млечни производи, и вагата покажа 5 килограми помалку! Сега пијам само бадемово млеко. И понатаму обожавам кашкавал, но ако сакам брзо да изгубам неколку килограми, ова е проверен и ефективен начин", откри Клои во интервјуто за магазинот "Health", чија прва насловна страна за 2017 година ја краси томку самата таа.

Клои во интервјуто откри и дека е поборник на балансираната исхрана: "Верувам дека ако ви се јаде нешто, не треба тоа да си го ускратувате, само треба да бидете умерени. Јас постојано можам да грицкам нешто, па затоа мојот фрижидер сега е полн со овошје и зеленчук. Подобро да грицкам краставица отколку да посегнам по мрсен чипс само затоа што ми е досадно."