Со графити до милионер (фото)

[02.02.2012 - 23:13 часот]

Уметникот кој пред седум години го одби хонорарот за цртањето во канцелариите на социјалната мрежа Фејсбук, сега ќе добие неколку стотина милиони долари.

Дејвид Чое (35) во 2005 година ги украси ѕидовите во канцелариите на управата на Фејсбук во Калифорнија, цртајќи свои единствени уметнички дела.

Тогашниот претседател на компанијата, Шон Паркер, му понуди да одбере помеѓу хонорар од неколку илјади долари или акции од фирмата. Чое направил паметен избор и се одлучил за втората понуда, па така, тој сега ќе стане мултимилионер!

Затоа што Фејсбук штотуку објави дека се појавува на берзата, Чое би можел да стане побогат за околу 200 милиони долари, а за американските медиуми тој признава дека тогаш мислел дека Фејсбук "е обична глупост", но сепак ги прифатил акциите.

Во меѓувреме овој уметник работел и на насловната страна за албумот "Collision course", кој е плод на соработката на бендот "Linkin Park" и раперот Џеј Зи, како и постерот на Барак Обама за Белата куќа.

[назад]
Радио МОФ