Снепчет воведе празнични филтри за вашите фотографии

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.12.2016 - 19:36

Снепчет воведе уште еден новитет, а станува збор за филтрите кои се најава за претстојните новогодишни празници.

Празничните филтри се достапни од вчера и сигурни сме дека ќе го зголемат вашето празнично расположение и ќе ве воведат во новогодишната еуфорија, а ќе можете да ги користите на фотографиите кои ќе ги направите во овој период.

Покрај одбраната фотографија и личните емотикони, апликацијата на ваше барање креира и филтер платформа без која ниту една новогодишна или божиќна забава нема да биде веќе иста. Тие ќе функционираат на ист начин како и другите филтри во апликацијата, а оние кои се подготвени да платат ќе може да додадат и разни слогани и дополнителни фотографии.

Филтрите сега за сега се достапни во Австралија, Велика Британија, САД, Канада, Бразил, ОАЕ и Саудиска Арабија, а се очекува наскоро да бидат достапни и кај нас.