Снегот не е проблем со FF

[03.02.2012 - 15:15 часот]

Деновиве, снежните врнежи предизвикаа значителни тешкотии во сообраќајот, но дека белата покривка може да послужи и како подлога за врвна забава, докажува видео прилогот кој може да го погледнете во продолжение.

На поранешниот првак во рели, Марку Ален му се посреќи тоа што боите на италијанскиот производител со логото на расниот коњ не ги брани Кими Раиконен.

Швеѓанинот, како мајстор за возење по снег, доби прилика наместо Финецот да ги испроба сите моќи на првиот Ферари автомобил со погон на сите четири тркала.

Како полигон послужи покриената патека со снег Арјеплог, која се наоѓа на еден час возење од Арктичкиот круг во Шведска, а за среќа на локацијата се најде и по некоја камера.

[назад]
Радио МОФ