"Snapchat" е најсимнуваната апликација за iPhone

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.12.2016 - 16:26

Полека доаѓа крајот на 2016 година, па време е да се сумираат податоците и импресиите од изминатата година. Исклучок од тоа не се ни мобилните апликации кои завземаат сѐ поголем дел од нашите животи, па во продолжение прочитајте кои се најпопуларните апликации меѓу корисниците на iPhone телефоните во светот.

Имено, компанијата Apple ја објави листата на најсимнувани апликации од нивната продавница за апликации "App Store", а првото место го завзеде Snapchat.

Апликацијата на Еван Спајџел ги "победи" Facebook, Instagram, па дури и Pokémon GO играта. За разлика од овој неочекуван успех, Facebook, Instagram и YouTube неочекувано паднаа на листата.

Facebook сега се наоѓа на петтото место, Instagram на четвртото, Pokémon GO на третото, а Facebook Messanger на второто место. Минатата година Snapchat се наоѓаше на петтото место.

"Apple" исто така ја објави и листата на најдобри апликации за 2016 година, каде тронот го освои апликацијата "Prisma", а  "Clash Royal" е прогласена за најдобра игра.

Листата на Apple за најпопуларни апликации изгледа вака:

1. Snapchat

2. Messenger

3. Pokémon GO

4. Instagram

5. Facebook

6. YouTube

7. Google Maps

8. Pandora

9. Netflix

10. Spotify Music