Слушнете како пее Ема Вотсон во "Убавицата и Ѕверот"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.02.2017 - 13:27

Има помалку од еден месец до премиерата на филмската адаптација на цртаниот филм "Убавицата и Ѕверот", па скоро и е невозможно да помислите дека нешто може да ве возбуди повеќе околу доаѓањето на филмот.

Но, сепак ете Дизни повторно се надминаа себе си и ги полудеа фановите ширум светот со новото видео во кое Ема Вотсон ја пее песната "Belle".

Во видеото кое трае скоро цела минута се гледа Бел како шета низ градот и се пее со останатите жители.

Слушнете го неверојатниот талент за пеење на Ема Вотсон и чекајте да излезе филмот на 17-ти март.