Слушнете ја новата песна "Green Light" на Лорди!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.03.2017 - 21:46

На голема радост на обожавателите, Лорди по долгата пауза се враќа на сцената!

Пејачката од Нов Зеланд го објави својот нов сингл со наслов "Green light", и е најава за нејзиниот втор албум кој ќе се вика Мелодрама. Песната е заразна и совршена за викенд-уживање со пријателите:

Лорди на Инстаграм ја објави и сликата која ќе биде на обвивката на новиот албум:

Новата музика на Лорди не е како ништо што претходно го има објавено, и баш се радуваме што по три години се враќа повесела и пооткачена од секогаш! :)