Словенечкото чудо од дете ја крена Шпанија на нозе (ВИДЕО)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.05.2017 - 13:22

Лука Дончиќ, младиот словенечки бек ја воодушеви цела Шпанија, а и Европа со својот атрактивен потег изведен на натпреварот против Хувентут во домашното првенство.


Кошаркаркот на Реал пред крајот на првото полувреме, се залета кон противничкиот кош и отиде на полагање, но откако еден противнички играч се обиде да го блокира, само ја спушти топката и ја положи на “втор” обрач. Неговиот потег многу заличи на легендарниот на Мајкл Џордан пред повеќе од 25 години иако на Дончиќ му недостасува малку повеќе елеганција при изведувањето.