Слики за во затвор

[22.02.2012 - 12:46 часот]

Поради провокативните фотографии кои еден германски фудбалер ги сними со својата девојка, неколку новинари се уапсени поради тоа што ги објавиле.

Фудбалерот Сами Кадира, во едиторијалот на популарниот магазин "GQ", со рацете ги држи голите гради на својата девојка Лејн, што предизвика морално религиски скандал во Тунис, каде тој сега живее со семејството.

Поради објавување на фотографиите во тамошните весници уапсени се тројца новинари, кои би можеле да добијат затворска казна до 5 години, а ќе мора да платат и парична казна.

Покрај инстуционалните казни, на нивните адреси непрестано пристигаат смртни закани од радикалните исламисти, кои спорните фотографии ги сметаат за неморални...

[назад]
Радио МОФ