Следната генерација на LG со OLED екран

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.05.2017 - 21:28

Како што пренесува The Korea Herald, kомпанијата LG планира на следната генерација на телефони да го замени LCD екранот со OLED.

OLED ќе биде застапена најверојатно ќе биде застапена на моделот V30, а иста промена би можела да се деси и на G7.

Овој вид на екран нуди пореални бои и изразена црна боја од класичните LED екрани. кој моментално севградуваат во телефоните на Apple, HTC и LG.

Google исто така го користи OLED на своите Pixel паметни телефони, кои ги произведува HTC. А веќе и некое време кружат гласини дека OLED екрани може да имаат и iPhone 8, кој ќе го претстават во септември.