Славниот апартман во “Plaza Hotel” даден на продажба!

Славниот апартман во “Plaza Hotel” даден на продажба!

Малку апартмани можат да се пофалат со популарноста што ја има славниот “Astor Suite” апартман во “Plaza Hotel”, во Њујорк.

Имено, овој апартман има голема историска и “ѕвездена” вредност, а порано бил дом на Џон Ф. Кенеди, па не е ни чудо што кога беше даден на пазарот за 39,5 милиони долари, веднаш привлече огромно внимание кај инвеститорите и славните личности.

“Astor Suite” се смета за најубавиот во комплексот, а нуди прекрасен поглед на Централ Парк, три спални соби, 5 купатила и највисока технологија која можете да ја најдете во еден дом.

Последниот сопственик, кој сега го даде апартманот на продажба, извршниот директор на компанијата “Espirit”, Јурген Фридрих, го купи славниот апартман во 2007 година за 25 милиони долари.

Дизајниран од славниот архитект С.Р.Гамбрел, кој бил задолжен и за уредувањето на дворецот Виндзор, овој апартман ќе ве воодушеви со деталите со кои располага.