Скулптор започна кампања за собирање средства за Трамп куклата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.02.2017 - 15:57

Поранешниот Дизни скулптор, Чак Вилијамс, започна кампања на "Кикстартер" за собирање средства за производство на неговата "Трамп трол кукла".

Станува збор за кукла која е микс од изгледот на претседателот на САД, Доналд Трамп и славните тролови кои станаа повторно популарни поради новиот анимиран филм "Trolls".

Малечката верзија на Трамп е целосно гола кукла, која во раката држи мини телефон.

Иако Вилијамс ја започна кампањата пред само една недела, тој веќе ја надмина оригиналната цел за собирање на 38.000 долари, па моментално има собрано двојно повеќе од тоа.