Скоти Пипен смета дека Леброн Џејмс до крајот на кариерата ќе го надмине Мајкл Џордан

Скоти Пипен смета дека Леброн Џејмс до крајот на кариерата ќе го надмине Мајкл Џордан

Скоти Пипен, смета дека Леброн Џејмс до крајот на кариерата во многу сегменти ќе го надмине големиот Мајкл Џордан.

Исто така, тој истакна дека Леброн веројатно нема да го стигне Џордан во смисла на корисност кога е на терен, и околу тоа колку МВП награди би освоил.

Бројките не лажат, Леброн е тука, веднаш до Џордан. Веројатно никогаш никој нема да го престигне во смисла на корисноста и МВП титулите, но кога ги гледаме поените, Леброн е во егал ситуација со Џордан. Кога ќе ги погледнеме сите останати сегменти, асистенции, скокови, Леброн е веројатно пред Џордан.

Пипен беше незаменлив во редовите на Чикаго во 90-те, кога Булси доминираа и освоија дури 6 титули во таа деценија, а во сите шест финалиња, МВП беше Мајкл Џордан.

Скоти подоцна играше и за Хјустон и Портланд, но никогаш повеќе откако го напушти Чикаго не успеа да освои титула.