Скарлет Јохансон брутално ја исмеја Иванка Трамп (Видео)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.03.2017 - 11:57

Актерката Скарлет Јохансон ја исмејала Иван Трамп по втор пат во новиот скеч, емитувана во емисијата „Saturday Night Live“.

Скечот е направен како реклама за измислен парфем на Иванка под назив “Complicit”, „парфем за жената која може се да спречи, но тоа не го сака“. Јохансон вака ја окарактеризирала Иванка како лицемер, бидејќи таа тврди дека ги поддржува либералните ставови и женските права, но истовремено стои покрај својот татко којшто спроведува сосема спротивни одлуки. Како што се очекуваше, овој скеч предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некои биле воодушевени, а други шегата ја оцениле како неинтересна.

Погледнете за што станува збор.