Сите сакаме да бидеме Кире Лазаров

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.05.2017 - 13:46

Алпско млеко нов партнер на ракометниот камп „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

Од 20 јуни до 2 јули во две смени веќе трета година по ред на крајбрежјето во Охрид, ќе се одржи ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ чиј иницијатор е нашиот најголем македонски ракометар Кире Лазаров. Околу 300 деца од 8 до 18 години ќе уживаат и напорно ќе работат покрај врвни тренерски имиња и ракометни гости, кои ќе се обидат да им пренесат дел од своето искуство, да им дадат ракометно знаење и да ги „контаминираат“ со најпопуларниот спорт во нашата земја.

Во овој камп веќе две години по ред доаѓаат деца кои не тренирале ракомет, но и веќе оформени играчи, кадетски, младински репрезентативци, но и млади што играле во поширокиот состав на сениорската репрезентацијаза да ги надоградат своите знаења и да ги усовршат своите вештини.

Сите деца што го сакаат овој комплексен спорт, ќе го искористат летото да дојдат во овој врвен ракометен камп и да работат со тренери од Романија, Данска, Германија и екс-југославија, да ги видат Дејан Манасков, Столе Стоилов, Филип Миркуловски, но и да учат техники од најдобрите стратези како Данило Брестовац, кој работи во Франција, Периќ, Џукиќ, Аџиќ, Ангеловски, Ристовски, Ракчевиќ од кои може многу да научат, да ги применат нивните знаења ипрепоракишто можат да влијаат на понатамошниот развој на нивната спортска кариера. За само седум дена децата ќе имаат прилика да научат за спортската дисциплина, да присуствуваат на сериозни тренинзи од квалитетни тренери, да се надградат ида се доедуцираат. На децата им се нуди најквалитетна опрема, превоз, осигурување и многу други врвни услови во кои можат да го развиваат тимскиот дух, спортската култура и да креирааатнавикиза спортскиживот. Секое дете добива комплетен медицински преглед со ЕХО, ЕКГ, т.н стрес тест и лабораторија, како и 24 часовна поддршка од тројца доктори во текот на сите седум денови, физикална терапија и соодветна медицинска асистенција.

„Системски набљудувано, да создадете врвен играч е тежок и долготраен процес, земајќи в предвид дека секое младо дете што доаѓа на теренот носи со себе одредена култура, социјален амбиент, семејство, образование и други детерминирачки животни околности и физички предиспозиции. А додека тоа дете стане играч со голем потенцијал и продуктивна ориентација, треба многу труд, работа, упорност и многу залагање на целиот тим. Се надевам дека нашиот придонес ќе посади никулци во секое дете што ќе култивираат добри играчи што ќе бидат корисни членови на тимовите во кои ќе играат, но и корисни и квалитетни поединци во локалната заедница“ - изјави Горан Ѓоргоноски, директорот на „КМГ Спорт“, организатор на настанот.

Кампот „КирилЛазаров 7“е сместен во комплекс од висока категорија на идеална местоположба во Охрид, со хортикултурно уредување на високо ниво, добра плажа и одлични услови за тренирање, но и за забава, капење, дружење, но и за шетање до околните места. На децата освен врвната инфраструктура за практикување на спортски и вонспортски активности, тимови за забава и дружење, поради високите летни температури овозможени им се и вечерни тренинзи со осветлување и друга поддршка.

„Пресеќни сме што Алпско млеко е партнер на ова врвно ракометно училиште каде децата што сонуваат да бидат Кире Лазаров можат да го видат одблиску, да го анализираат неговиот живот, да видат што значи дисциплина и да набљудуваат како изгледа животот на еден професионален спортист. Секој што го сака ракометот посакува да биде Кире Лазаров, но овој камп е убава прилика да научат по кој режим тој тренира и вон сезона, во текот на целата година. Горди сме што сме партнери во оваа позитивна приказна со интересен концепт во кој Кире ја искористи својата позиција на глобален бренд да регрутира деца од Македонија, но и од многу други земји и да ги демонстрира своите најдобри спортски практики во насока на јакнење на капацитетите за развој на ракометот“ -изјави Лепа Георгиевска Ристов, претставник од Алпско млеко, партнер на проектот.

Ракометот е мултидисциплинарно подрачје, што бара сплет на знаења, вештини и достигнувања во различни области. Во функционална смисла, спаѓа во високоинтензивните спортови, но е и многу истакнат и видлив социјален феномен. Ракометот бара многу откажувања, врвни знаења и инвестиции, но и усогласувања на социо-психолошкиот аспект со антрополошките димензии на овој спорт. Во таа смисла, Кире Лазаров со отворањето на овој камп е двигател на позитивни промени во насока на привлекување и негување на најразлични таленти кај децата, поставувајќи највисоки стандарди во комуникацијата со учесниците, но и со родителите, користејќи го сето свое професионално знаење и совест,промовирајќи залагање, влевајќи доверба и создавајќи поволен амбиент за поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

Крајниот рок за пријавување на ракометниот камп „КирилЛазаров 7“е 1 јуни или до пополнување на капацитетите.

Повеќе информации на: https://www.facebook.com/handballcampkirillazarov7/