Сите потврдија, Салах е играч за Реал Мадрид

Сите потврдија, Салах е играч за Реал Мадрид

Египќанецот Мохамед Салах оваа сезона воодушевува со неговите настапи за Ливерпул – во првата сезона каде досега има постигнато 21 гол на 28 одиграни натпревари во сите конкуренции.

Неговите одлични настапи во дресот на Ливерпул наводно го привлекле вниманието на Реал Мадрид. „Кралевите“ најверојатно идното лето ќе испратат понуда за неговите услуги, а Хектор Купер, селекторот на египетската репрезентација тврди дека Салах без никакви дилеми може да игра за Реал Мадрид.

„Салах е ѕвезда на репрезентацијата на Египет. Неговото присуство ни помогна да се пласираме на Светското првенство. Тимот работеше одлично, посебно Салах. Без никакви дилеми тој може да игра за Реал Мадрид“, изјави Хектор Купер.

Салах има само 25 години, а зад себе веќе има остварено големи успеси. Тој својата „европска авантура“ ја започна во швајцарски Базел од каде што се пресели во Челси. Потоа настапуваше во Серија А во Фиорентина и Рома, за минатото лето да се пресели во Ливерпул и да „експлодира“ на терените.