Синооката убавица која ја заменува Денерис во "Game of Thrones"!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 20:41

Убавицата по име Роузи Мек доаѓа од Англија, а има само 20 години. Таа веќе се опишува себе си како модел, актерка и пејачка, а една од големите пасии и е танцот.

Роузи почнала да се занимава со танц уште кога била девојче, а го има освоено и Светското првенство во уличен танц. Со моделинг почнала да се занимава на 14 години, додека со пеење започнала како тинејџерка во Кралскиот хор Корнвел.

Но, тоа не и било доволно, па започнала да се занимава со актерството во 2015 година, како каскадерка на Емилија Кларк за улогата на Денерис Таргеријан во петтата сезона на "Game of Thrones".

Младата ѕвезда вели дека за физичките атрибути може да и се заблагодари на природата, па токму поради природниот изглед се издвојува од другите убавици.