Симоне Заза се пресели за 16 милиони евра

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.04.2017 - 12:00

Симоне Заза ќе продолжи да го носи дресот на Валенсија откако шпанскиот прволигаш ја активираше клаузулата за откуп на неговиот договор со италијаснкиот шампион.

По лошиот прв дел на сезоната во кој не постигна ниту еден гол за Вест хем, Заза се пронајде себе си во Валенсија, наметнувајќи се како еден од лидерите на „лилјаците“ и помагајќи му на овој тим да побегне од опасната зона и битката за опстанок. Во договорот за позајмица од Јувентус имаше клаузула според која голгетерот ќе остане на „Месталја“ доколку одигра најмалку по 45 минути на десет натпревари до крајот на сезонава. Тој услов беше исполнет, по што Валенсија денеска и официјално објави дека договорот на Заза со „старата дама“ е откупен, па екс-репрезентативецот на Италија е стопроцентно во сопственост на клубот од „Месталја“. Јувентус заработи 16 милиони евра од продажбата на Заза, откако претходно доби и четири милиони евра од двете позајмици на овој фудбалер (по два милиони од Вест хем и од Валенсија