Што се се шкрапа од Гугл...

[23.02.2012 - 12:28 часот]

Поминаа речиси пет години откако беше лансиран "Google Street View" и досега беа снимени многу фотографии на кои можат да се забележат најразлични моменти кои се се, само не обични.

Канадскиот уметник и филмски работник Џон Рафман од Монтреал, ја направил страната "Nine Eyes of Google Street View" (Деветте очи на Гугл Стрит Вју) каде што досега објави многу фотографии на кои биле овековечени прекрасни глетки, а неодамна уметникот одбра и неколку бизарни ситуации.

Луѓе и деца со пиштоли на улицата, маскирани мажи подготвени за грабеж, проститутки во излозите и на улиците, голи луѓе покрај морето - ова се само дел од сите необични моменти кои беа овековечени на фотографиите.

[назад]
Радио МОФ