Што појадува Кајли Џенер секое утро?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.01.2017 - 13:19

Појадокот е најважниот оброк, а тоа добро го знае и 19-годишната Кајли Џенер, која на својата апликација неодамна откри што појадува секое утро за да ги има своите раскошни облини.

Комбинацијата која Кајли ја нарекува "појадок на шампионите" се состои од ориз, јајца и колбаси од мисирка, а ја обожава и нејзиното 8 години постаро момче Тајга.

"Обожавам да готвам за семејството и пријателите, а овој појадок е вкусен и едноставен. Оризот и јајцата ги готвам заедно, а понекогаш додавам и сирење. Колбасите ги пржам 13-15 минути на маслиново масло, а понекогаш додавам и лук во прав", открива Кајли.

Старлетата вели дека овој појадок ѝ ја обезбедува потребната енергија за целиот ден, а сигурно не е лесно да бидеш милионерка на само 19 години! :)