Што очекува Кутињо од Ливерпул?

Што очекува Кутињо од Ливерпул?

Бразилскиот интернационалец, Филипе Кутињо испрати јасна порака кога е во прашање неговиот престој и иднина во Ливерпул.

Офанзивниот фудбалер долго време се поврзува со шпанскиот вицешампион Барселона кој според одредени информации одново ќе нападне за него со богата понуда во јануарскиот преоден рок.

Меѓутоа ако се земе во предвид последната порака на Кутињо тешко е дека тој ќе ја промени средината на зима.

– Играм во една од најголемите лиги на светот. Среќен сум, ама сега најважно е да се фокусирам на националниот тим. Во моментов сум многу среќен со мојот живот, – порача Кутињо во пресрет на пријателската средба меѓу Англија и Бразил.