Што носат познатите модели на забавите

Што носат познатите модели на забавите

Нема жена што не се нашла во недоумица што да облече за одредена пригода, или уште повеќе да нема никаква идеја, без разлика колку облека има. Погледнете што носат познатите модели кога одат на забава.

Нивните стајлинзи за нам ни се видоа како мошне инспиративни во модна смисла. Не мора да ги имате истите парчиња за да изгледате модерно или кул. Понекогаш може да инспирира начинот на кој се споени некои парчиња, или на кој се искомбинирани боите.

Минатата недела Лили Алдриџ, Нина Агал, Џордан Дан, Тони Гарн, Елса Хоск, Наташа Поли, Барбара Палвин и други имаа женска вечер. Во еден од клубовите во Њујорк се појавија во совршени модни изданија, прилагодени на нивниот моден и естетски сензибилитет.

Лили Алдриџ се појави во беспрекорна креација на „Брендон Максвел“ во црвена боја, во која навистина остава впечаток.