Што ги "пали" жените?

[14.02.2012 - 12:40 часот]

Мажите многу често се жалат дека тешко можат да ги разберат жените и дека тие се многу комплицирани, но најновата онлајн анкета откри неколку едноставни работи кои неверојатно ги привлекуваат жените.

Седа коса

Главниот светски тренд е боењето на седата коса, но иако никој не сака да му се гледаат белите влакна, токму тоа ги привлекува жените кога станува збор за привлечноста на посилниот пол.

Според мислењето на многу жени, седата коса додава нота на мистериозност и зрелост во изгледот на мажот.

Анкетата која ја објави порталот "Match" покажува дека дури 72% од жените мислат дека седата коса е исклучително секси.

Пот

Потта може да биде прилично секси, но секако, без претерување.

Неводењето грижа за хигиената никогаш не било привлечно, но моменталното потење заради некоја напорна работа може да го натера женското срце да забрза за момент.

Истражувачите од Универзитетот Беркли тврдат дека машката пот предизвикува забрзано лачење на женските хормони.

Лузни

Доколку имате белези, голема е веројатноста дека девојката ќе ве праша како сте ги добиле и ќе очекува интересна приказна позади секоја лузна.

Секако, вие можеби знаете дека белегот е последица на некој невнимателен пад, но жените секогаш ќе ја разубават приказната кога ќе фантазираат за вас.

Куќни растенија

Веројатно не ни претпоставувавте дека жените сакаат мажи со домашни растенија и дека доколку видат и еден обичен кактус на вашиот прозор, нивното срце ќе "омекне".

Експертите тврдат дека само половина час неделно поминат во грижење на растенијата во станот или градината, може позитивно да се одрази на вашето здравје и сексуалниот живот.

Наочари

Луѓето кои почнуваат да носат наочари во тинејџерските години најчесто се чувствуваат непријатно бидејќи знаат дека ќе бидат поврзувани со "бубалиците", а тие сакаат да бидат "кул" момци.

Меѓутоа, многу брзо стануваат свесни дека кога ќе излезат од границите на училиштето, наочарите кај мажите се прецепираат како знак за интелигенција, зрелост и искуство.

Прилично многу сексуални фантазии вклучуваат и наочари, а тоа важи и за мажите.

[назад]
Радио МОФ