Шминката во оваа боја е хит на есента

Шминката во оваа боја е хит на есента

Розевата боја можеби не е на сите омилена, но кога е во прашање шминката во Rose Gold нијанси, веруваме дека секоја дама ќе стане верен фан.

Розе-златната нијанса на твоето лице ќе му даде преубав, свеж одсјај и ќе го истакне тенот, без разлика дали ќе нанесете моливче, сенка или кармин во тој тон.

Познатите дами се заљубија во оваа боја, а ние ви ги носиме едни од најубавите Rose Gold мејкап стилови од Инстаграм и инспирација за вашиот следен изглед.

Секако, нијансата на сенка во оваа боја не може да не биде впечатлива. Совршено ќе им прилега како на црнките, така и на плавушите – така да бидете спремни да експериментирате.

За овој изглед, не морате да купувате нови нијанси на шминка, доволно е да го употребите на повеќе начини вашиот кармин или руменилото и нема да погрешите.