Шеснаесет камери во еден уред

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.04.2017 - 17:11

Америчкиот “Light" крерира уред под називот "L16", камера која прави снимки со DSLR квалитет која содржи 16 камери ставени во еден уред.

"L16" може да прави снимки со резолуција од 52 мегапиксели. Уредот има уграден микрофон, оптички зум со зголемување од 5 пати и така наречена "depth-of-field" контрола или оштрина и јасност разделеност помеѓу најблискиот и најдалечниот објект во кадар.

"L16" ќе биде достапен за продажба од 14 јули, но само за оние кои го имаат однапред нарачано. Неговата цена изнесува 1.699 долари.