Шармантен апартман во срцето на Стокхолм

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.12.2016 - 17:56

Дуплекс апартманите некако станаа наш фаворит кога станува збор за дизајнот, особено кога се работи за светли и отворени простори.

Уште еден таков пример е шармантниот апартман во срцето на Стокхолм, кој е дело на архитектите од студиото "Alvhem Mäkleri & Interiör".

Овој апартман се простира на површина од 55 метри квадратни, а скандинавскиот дизајн совршено доаѓа до израз од големата количина на природна светлина.

Поради ограничениот простор, дизајнот бил фокусиран на обезбедување на светла и воедно топла околина, која ќе биде одлично бегство од долгите и темни зимски денови во Стокхолм.

На првиот кат вниманието најпрво ќе ви го привлечат големите аркадни прозорци, а скалите ќе ве одведат до малата, но многу симпатична спална соба. Сепак, она што е наш фаворит, е малата тераса која е совршена за пиење на утринското кафе.