Шарено и модерно поткровје во Лондон

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.11.2016 - 20:56

Сместено во стара фабрика во Лондон, ова шарено и весело поткровје е дизајнерско дело на "Cloud Studios".

Секој агол на овој шарен и уметнички апартман има свој стил и допринесува за целосниот шарм.

Голема улога во дизајнот игра природната светлина од големите прозорци, како и отворениот простор за дневната соба, кујната и трпезаријата кои го прават овој стан вистинско дизајнерско освежување.

Динамиката е постигната преку многубројните линии кои го насочуваат и пренасочуваат вниманието на посетителот во сите агли од овој ентериер.