Северина и Бијонсе облечени во Гучи

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.03.2017 - 02:43

Хрватската пејачка Северина Којиќ своите модни комбинации секојдневно ги објавува на својот инстаграм профил, а пред некое време не воодушеви со изборот на облека за прошетка низ Сплит.

Пејачката овој пат се одлучи за дизајнирани парчиња од модната куќа Gucci, го искомбинира металик здолништето со розова и сребрена боја со маица и чанта од овој престижен бренд.

Идентична сукња пред неколку месеци носеше и моментално најпознатат трудница, Бијонсе, која модно парче облека од 1300 долари го носела за прошетка во Њу Јорк, а на фотографиите кои ги постира на инстаграм позира со нејзината ќерка Блу Ајви.