Северина ги раздрма прилепчани!

Северина ги раздрма прилепчани!

Синоќа со настап на мега ѕвездата Северина, во Прилеп финишираше петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пиво Фест 2017”.

DSC_0470

DSC_0487

DSC_0488

Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво и изедена скара и спомени за вечно паметење.

На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот, а големото финале на фестивалот се случи синоќа кога настапи балканската мега ѕвезда од Хрватска, Северина.

DSC_0502

DSC_0513

Фестивалот го оправда мотото “Едноставно најдобри”, под кое се одвиваше оваа година, и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

DSC_0539

DSC_0540

DSC_0542

Северина приреди шоу за паметење! Енергично ги отпеа сите нејзини хитови, а покрај тоа одлично изгледаше. Облечена во пинк комбилизон со кратки пантолончиња, ја воодушеви илјадната публика.