Серена Вилијамс во новото издание на "Sports Illustrated"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 13:12

Дојде моментот од годината кога излезе специјалното издание на "Sports Illustrated" посветено на костимите за капење, кое сите со нетрпение го очекувавме, а тоа и овој пат вклучува голем број на модели од А-листата - Хејли Клосон, Хана Џетер и Кејт Аптон.

Но, иако безброј атлети се приклучија на изданието покажувајќи ги своите извајани тела, сепак вистинската ѕвезда на изданието е тенисерката Серена Вилијамс.

Со ова Серена се приклучи на спортистиките кои позираа како моделки, како што се Ронда Роузи (2016), Олимписката пливачка Аманда Бирд (2006) и Штефи Граф (1997).

Во типичен Серена стил, таа позираше грациозно во сите костими за капење кои и ги дадоа од "Sports Illustrated", па така можеме да ја видиме во седум различни костими, вклучувајќи и еден топлес изглед и танга бикини.

"Никогаш претходно не сум носела танга бикини, па да го сликам тоа за мене беше како да сум испила шот од еспресо, бидејќи веднаш ме разбуди. Но, тангата е совршена, навистина ме направи да се чувствувам удобно. Сега и официјално сум танга-девојка!", вели таа.