Серена Вилијамс упати моќна порака за жените до нејзината ќерка

Серена Вилијамс упати моќна порака за жените до нејзината ќерка

Серена Вилијамс во нова реклама ја потенцира моќта на жените и се обраќа прв пат на нејзината ќерка. 

Рекламата во која се појавува славната тенисерка е дел од кампањата „Sisters in sweat“ за промовирање на новото партнерство со AwesomenessTV.

– Девојче мое, нема да ми пречи доколку лошо играш тенис, но те молам во оваа игра наречена живот, секогаш продолжи да играш без разлика на околностите. Како што направи и со мене, спортот ќе те научи да бидеш силна… Понекогаш ќе освоиш поени, а понекогаш нема. Важно е да работиш напорно и да го кажеш својот став на секое поле кое ќе го одбереш како играч, вели Серена.

Слушнете ја моќната  порака која со сигурност ќе ве допре, а и ќе ве мотивира да бидете упорни во она што го правите.