Серена Вилијамс со пораз во егзибициски меч

Серена Вилијамс со пораз во егзибициски меч

Серена Вилијамс го одигра првиот меч, откако ја роди ќерката Алексис Олимпија, а кам-бекот во егзибициски меч во Абу Даби е со пораз од Јелена Остапенко.

Летонката лесно го доби првиот сет со 6:2, но потоа Серена влезе во ритам и со резултат 6:3 израмни на 1:1 во сетови. Во продолжениот тај-брејк што се игра до 10 поени, сепак шампионката од Ролан Гарос, Остапенко беше посвежа и подобра и победи со 10:5.

„Одлично се чувствувам. Малку е чудно чувството, постојано мислев на ќерката, но ќе се навикнам. Првите натпревари по долга пауза секогаш се тешки, но јас сум задоволна“, изјави Вилијамс.

За неа егзибицискиот меч во Абу Даби е одлично загревање за настап на Австралија опен од 14. јануари, каде ја брани титулата.