Сепак направила корекции оваа манекенка

Сепак направила корекции оваа манекенка

Поранешниот врвен модел, Кристи Бринкли, призна дека користела некои методи на разубавување.

Моделот и автор на „Современата убавина“, Кристи Бринкли, се одлучи за неинвазивна хирургија која го освежува изгледот и ги намалува брчките.

Иако досега е прогласена за природна убавина, ѕвездата на САД не се спротивставува на популарните третмани, што таа ги призна во интервјуто за магазинот Пипл.

„Скоро ќе наполнам 64 години. Од оваа точка, потребно ви е нешто дополнително. Кога ќе се погледнам во огледало, сакам да изгледам како што се чувствувам“ – рече Кристи.

Поради тоа, Бринкли се одлучи за ксеомин, препарат кој е сличен на ботокс. Како што изјави, го ставила само на просторот помеѓу веѓите.