Семејството кое нема граници во патувањето

Извор: Денешен | Објавено: 25.08.2013 - 18:36

Членовите на семејството Албот од Германија се големи љубители на патувањата и досега имаат посетено повеќе земји низ светот.

Своите впечатоци од патувањата ги објавуваат на блог, а пред две години добиле награда од полското издание на National Geographic.

Ана е новинарка со потекло од Полска, додека нејзиниот сопруг Томас е дизајнер и фотограф. Се запознале на меѓународна конференција за млади новинари во Брисел и оттогаш се нераздвојни.

Секогаш кога имаат можност патуваат низ светот, а со себе ги водат и своите ќеркички, четиригодишната Хана и двегодишната Мила.

Во 2010 година, со својата шестмесечна ќеркичка патувале со автомобил околу Црното Море, а во Берлин се вратиле преку Кавказ и Каспиското Море.

По раѓањето на втората ќерка, во 2012 година се упатиле на преку океанска авантура низ средна Америка.

Својот блог го имаат посветено на сите оние кои веруваат дека желбите за патување можат да се исполнат, а дека децата воопшто не го ограничуваат патувањато, туку напротив, ги зголемуваат желбите.